February 25, 2016

Citroën C4 Cactus Rip Curl: нова 100% outdoor верзија

Новиот тип на кросовер кој се стреми да го револуционизира автомобилскиот сектор, C4 Cactus продолжува да се шири во својот сегмент со Светската Премиера на специјалната верзија произлезена од соработката помеѓу Citroën и Rip Curl, светскиот лидер во производство на опрема за сурфање.

Преку неговата поврзаност со Rip Curl, чие име го симболизира сурфањето почнувајќи од 1969 година, Citroën C4 Cactus го нагласува својот слободен и оптимистички дух преку порадикална верзија.

На овој начин, Citroën на своите фанови им нуди верзија која во исто време е различна,технолошки напредна со високо ниво на перформанси, создадена за релаксирање, одмор и благосостојба.

Споделувајќи ги вредностите како што се иновативност и креативност, двата бренда, споделуваат ист вкус за авантура (каде што Rip Curl комуницира со слоганот “Барај” – што значи во потрага за совршен бран), поттикнувајќи ги потрошувачите на слободно возење “насекаде и во секое време”.

STANDARD: возење на сонце покрај морски брег, планински кривини, долги делници на автопат или тренди улици во централните градски подрачја…
SAND: да се дојде што поблизу до најубавите места за сурфање…
OFF-ROAD: да се вози без страв на лизгави површини (кал, влажна трева, валкани патишта)…
SNOW: да може да се стигне до најубавите скијачки центри…
ESP OFF: да се деактивира ESP (оперативен до 50 км / ч).

Специфичниот изглед на Citroën C4 Cactus Rip Curl вклучува: бели ретровизори, бели кровни носачи и брилијантно-бела леплива лента со логото на Rip Curl на предното крило и на задниот дел на возилото.

Зголемената влечна сила на Citroën C4 Cactus Rip Curl ветува уникатно возачко искуство на возачот и патниците без оглед на сезоната и дестинацијата, и јасно се истакнува од останатите автомобили со својот луксузен и компактен SUV изглед.

600x430_RipCurl3