February 8, 2014

CITROËN C4 CACTUS : НОВ СВЕТ, НОВИ ИДЕИ!

CITROËN C4 CACTUS : НОВ СВЕТ, НОВИ ИДЕИ!

Светот се менува, а очекувањата на потрошувачите еволуираат уште побрзо …А пак автомобилот? Денес CITROËN даде одговор на овие прашања со вистинската алтернатива на компактните берлини : CITROËN C4 CACTUS. Во сегментот C каде конкурентноста е навистина изразена и каде правилата се непроменливи, CITROËN C4 CACTUS се истакнува со оригинален дизајн кој претставува спој на корисноста со убавината. Оваа уникатна синтеза успешно одговори на предизвикот да понуди она што навистина го сакаат клиентите.

 

CITROËN C4 CACTUS воведува нови правила за автомобил:

+ дизајн
+ комфор
+ корисна технологија
… контролиран буџет !

За решение на оваа равенка, CITROËN се одлучи за невообичаена постапка :

Да даде поголема вредност на она што клиентите навистина го очекуваат. Примената на технолошките иновации, и прифаќањето на предностите на дизајнот, комфорот, едноставна употреба и цена на чинење:

> Airbump, иновација потпишана од CITROËN, корисен, убав и персонализирачки, го зајакнува дизајнот со својот графички изглед и ја заштитува каросеријата.
> помош во возењето 100% дигитален, 100% интиутивен за прочистено возачко место и поврзано со светот со команди групирани на екран од 7 инчи осетлив на допuр во сериска опрема.
> Широките седишта напред се дизајнирани во облик на софа.
> Воздушното перниче на совозачот е вградено во плафонот (Technologie Airbag In Roof), светски ексклузивитет кој им гарантира на патниците напред поголем простор и зафатнина.
> Панорамски застаклен покрив со висока термичка изолација за да уживате во дневната светлина без да ги почувствувате ефектите од топлина.

Намалување на трошоците за користење со отстранување на вишокот. Поврзување на оптимизирана платформа со ефикасни мотори од најнова генерација : 200 kg помалку од CITROËN C4 со поврзување на уживањето во возењето со намалена потрошувачка на гориво (само 82 g CO2/km односно 3,1 l/100 km во дизел верзија и помалку од 100 g CO2/km за бензинска верзија).