April 9, 2015

CITROËN C4 CACTUS ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА «2015 WORLD CAR DESIGN OF THE YEAR» ВО ЊУЈОРК

CITROËN C4 CACTUS ЈА ПРИМИ НАГРАДАТА ЗА «2015 WORLD CAR DESIGN OF THE YEAR» ВО ЊУЈОРК

CITROËN C4 CACTUS ја доби титулата за «2015 WORLD CAR DESIGN OF THE YEAR » на 2 април во рамки на Меѓународниот саем на автомобили во Њујорк. Наградата доделена од жирито на « World Car Of The Year » за возило кое се истакнува со својот дизајн, ги надминува стереотипите а истовремено гарантира авантуристички и иниовативен стил. C4 Cactus, се карактеризира со оптимистички дизајн и функционален изглед, благодарение на кои ги заслужи и најголем број од гласовите. Ова меѓународно признание е доказ за креативноста и иновативноста на дизајнот на CITROËN.

Александар Малвал, директор на стил CITROËN, имаше чест да ја прими наградата « 2015 WORLD CAR DESIGN OF THE YEAR » за C4 CACTUS во рамки на Меѓународниот саем на автомобили во Њујорк. Оваа награда се доделува од жирито на « World Car Of The Year » за новитети кои нудат најиновативен дизајн и ги надминуваат стереотипите. Вистинска алтернатива на традиционални берлини, C4 Cactus е авантуристичко возило со уникатен изглед, кое истовремено е cool и оптимистичко. Спој на функционална примена и естетски изглед, амбиција која доведе до креација на C4 Cactus. Неговиот дизајн се карактеризира со чисти и мазни површини, анимирани со графички функционални елементи од примерот на Airbump® или пак светлосниот потпис.

 

CITROËN C4 Cactus го впиша своето име во редот на најпрестижните марки во последните години : BMW i3, Jaguar F-Type, Range Rover Evoque, Aston Martin Rapide….. И CITROËN не е нов во играта од самото креирање на наградата « World Car Of The Year » пред 11 години, CITROËN ја има добиено наградата за Design за C4 Coupé во 2006, и 4 пати беше меѓу првите финалисти. Оригинален стил присутен во имагинацијата на клиентите дури и во земји каде не е комерцијализиран, со изглед кој е препознатлив и кој ја одбележа историјата на марката на автомобили.

 

За Линда Џексон, генералниот директор на CITROËN, “ Оваа престижна награда, е доказ за иновативноста и креативноста на марката CITROËN. CITROËN C4 CACTUS не наликува на ниту едно друго возило, затоа што е вистински CITROËN и затоа што дизајнот на CITROËN е поразличен и оригинален. Тоа што клиентите го очекуваат од CITROËN е токму доказ за нашиот успех повеќе од 95 години. Никогаш нема да престанеме да ве воодушевуваме и вчудоневидуваме !»

 

Оваа награда, го комплетира бранот на светски награди за C4 Cactus од неговото лансирање: повеќе од 30. Признание од професионалците надополнето од признанието од широката јавност, затоа што повеќе од 60 000 клиенти во Европа имаат нарачано C4 Cactus.