August 9, 2016

CITROËN C-ELYSÉE WTCC НЕПОБЕДЛИВ И ВО АРГЕНТИНА!

CITROËN C-ELYSÉE WTCC НЕПОБЕДЛИВ И ВО АРГЕНТИНА!

Хозе Мариа Лoпез и Том Шилтон, заедно со Citroën C-Elysée WTCC донесоа две нови победи и останаа непобедени во Аргентина. Резултатите од Термас де Рио Хондо му овозможија на Citroën и на Пекито да создадат поголема разлика на чело на Светскиот шампионат.

Иван Милер беше на седмата позиција на стартот, а Пекито беше поставен на осумнаесетата позиција.
По исклучување на светлата, Том Шилтон ја искористи својата позиција на првата линија и се постави на чело со својот Citroën C-Elysée WTCC како дел од екипата SLR.
Британецот ги помина Филипи, Роб Хаф и Иван Милер и си обезбеди место на победничкиот подиум.
Главната трка беше лесна за Пекито затоа што беше на пол позицијата. Иван Милер пак беше на четвртата позиција на решетката. Но, на стартот Норберт Мишелиц ги изненади сите и се протна пред Хозе Мариа и Иван кои беа рамо до рамо долж долгата непрекината линија! Аргентинецот постојано ја чуваше предноста пред французинот а возачите на Citroën Total се втурнаа кон напад на Мишелиц.
Редоследот остана непромент сè до целната линија и Хозе Мариа Лопез ја освои седмата победа во сезоната! Од врвот на подиумот и заблагодари на публиката за беспрекорната поддршка.

На Светскиот шампионат, Пекито ја зголеми предноста за 117 поени, додека Иван Милер се искачи на третото скалило со седум поени повеќе пред второпласираниот. Во класификацијата на Производители Citroën си направи разлика од 196 поени.

ИЗЈАВИЈА

Ив Матон, Директор на Citroën Racing : « Една седмица по успехот на Крис Меек на Рели во Финска, летото беше навистина успешно за Citroën Racing ! Овој викенд бевме сведоци на вистински колективен ангажман. Механичарите направија одлична работа со промена на моторот на возилото на Хозе Мариа Лопез така што можеше да ја прослави својата победа заедно со публиката. Треба да се истакне и придонесот на Иван за овој успех .Едно големо браво и за Том Шилтон кој го прослави својот прв успех со SLR и Citroën C-Elysée WTCC. Ситуацијата на Светскиот шампионат е одлична но не смееме да запреме тука. »
Хозе Мариа Лопез : « Позитивен викенд на планот на резултати. Со колегите од екипата одлучивме да го замениме моторот. Трката за отворање беше навистина возбудлива а мојот Citroën C-Elysée во беспрекорна состојба така што се искачував на врвот без опасност дека ќе го оштетам моето возило. Една пол позиција, една победа и едно петто место ме доближија до мојата цел : трета последователна победа! »
Иван Милер : « Ова не беше добар викенд за мене. Во трката за отворање имав одличен старт што ми овозможи место на подиумот. Вистинско задоволство ми претставува што му донесов важни поени на Citroën. »

ПЛАСМАН

Трка за отворање

Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
Rob Huff (Honda Civic WTCC)
Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
James Thompson (Chevrolet RML Cruze TC1)
John Filippi (Chevrolet RML Cruze TC1)
Thed Björk (Volvo S60 WTCC)
Grégoire Demoustier (Citroën C-Elysée WTCC)

MT : José María López en 1’45’’994

ГЛАВНА ТРКА

José María López (Citroën C-Elysée WTCC)
Tom Coronel (Chevrolet RML Cruze TC1)
Rob Huff (Honda Civic WTCC)
Tiago Monteiro (Honda Civic WTCC)
Yvan Muller (Citroën C-Elysée WTCC)
Esteban Guerrieri (Chevrolet RML Cruze TC1)
Mehdi Bennani (Citroën C-Elysée WTCC)
Norbert Michelisz (Honda Civic WTCC)
Tom Chilton (Citroën C-Elysée WTCC)
John Filippi (Chevrolet RML Cruze TC1)

MT : José María López en 1’45’’899

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВОЗАЧИ

José María López 284 поени
Tiago Monteiro 167 поени
Yvan Muller 160 поени
Rob Huff 157 поени
Mehdi Bennani 144 поени
Norbert Michelisz 143 поени
Nick Catsburg 139 поени
Tom Chilton 130 поени

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Citroën 702 поени
Honda 506 поени
Lada 406 поени
Polestar 194 поени