February 16, 2015

CITROËN BERLINGO MOUNTAIN VIBE CONCEPT

CITROËN BERLINGO MOUNTAIN VIBE CONCEPT

Новиот CITROËN BERLINGO ќе биде претставен на 3 март на Саемот на автомобили во Женева. Неколку денови пред да се прикаже неговата сериска верзија, ова возило ќе биде откриено како concept car полно со оптимизам и енергија: CITROËN BERLINGO MOUNTAIN VIBE CONCEPT. Опремен со зајакнувачи на каросеријата и дополнителна опрема која ќе ви овозможи да ја истражувате природата, и да ги освоите сите врвови, BERLINGO MOUNTAIN VIBE CONCEPT е идеален партнер на сите вљубеници на спорт под ведро небо и на слободата.

На Саемот во Женева, Новото CITROËN BERLINGO се прикажува во својата енергична и забавна верзија.  Секој момент треба да се живее енергично,  а MOUNTAIN VIBE CONCEPT е синоним на природата, слободното време и уживање во еден стил на живеење полн со сензации и практичност. Модерен и функционален, ги отвора сите можности за авантура и слобода.

 

Со својот забавен надворешен дизајн, BERLINGO MOUNTAIN VIBE CONCEPT ве поттикнува да се впуштите освојување на најнапуштените патишта. Вистински потпис на возилото, топографски линии ја украсуваат каросеријата и ве канат да се соочиите со релјефни патчиња. Оригинален дизајн во Пинк розева нијанса за истакнување на карактерот на овој концепт. Протегајќи се и околу магленските оваа Пинк боја е во хармонија со бојата на каросеријата Планинско зелена (Mountain Green) формирајќи тандем кој истовремено е свеж, модерен и оптимистички.

 

Стилот на надворешноста е комплетиран со дополнителни заштитници  на премините на тркалата и на долниот дел од каросеријата. Пневматици се со розеви синџири за снег а носачите на кров се обложени во розова мека обвивка. Забавно авантуристичко возило кое истовремено е модерно и високо-технолошко. Опремен со функција Grip Control, лесно го замислуваме како ги освојува швајцарските планини, со пространиот багажен простор за целата ваша опрема за планинарење или пак snowboard.

 

Во внатрешноста пак, седиштата напред и трите посебни седишта во вториот ред се обложени во технички штоф LIBERIA во сива боја со опшивки на рабовите во розова боја за истакнување на карактерот на BERLINGO MOUNTAIN VIBE CONCEPT.

Патниците ќе уживаат во светлината и погледот кон надворешноопт свет со застаклениот покрив Modutop® како и со подвижното задно стакло со големи димензии.

 

Практичен и генијален, BERLINGO MOUNTAIN VIBE CONCEPT внесува виталност и свежина на Новиот CITROËN BERLINGO, репер во светот на ludospace за да доживеете незаборавни спомени.