May 8, 2015

CITROËN AIRCROSS

НОВО КОНЦЕПТ ВОЗИЛО CITROËN AIRCROSS :
ПОКАНА НА ПАТУВАЊЕ СПОРЕД СТАНДАРДИТЕ НА CITROËN

УНИКАТЕН КАРАКТЕР: невообичаен автомобил помеѓу останатите SUV возила поради неговата севкупна рамнотежа и хармоничност и неговиот атрактивен дизајн што го прават овој SUV зашитнички и гостопримлив автомобил со нагласен идентитет и крајно оптимистички дух.

c4-aircross-2

 

УЛТРАКОМФОРЕН:  патнички простор кој овозможува поразлично доживување на патот, со ентериер кој истовремено е модерен и осветлен, свеж и функционален, генератор на удобност на телото и на духот.

ТЕХНОЛОШКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО КОРИСТ НА ОПУШТЕНО И РЕЛАКСИРАНО ПАТУВАЊЕ, давајќи предност на размена и споделување во еден конектиран со светот  SUV, со беспрекорни графички меѓуповрзувања, опремени со технологијата Hybrid Plug-In.

Во време кога CITROËN го прославува педесетмилионитиот продаден автомобил од создавањето на марката пред  95 години, марката го претставува својот нов  концепт, вчудоневидувачки, креативен и бестрашен. CITROËN го потврдува својот капацитет за развој и прогрес во позиционирањето:

– ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ВОЗИЛО : CITROËN AIRCROSS ги илустрира амбициите на марката на светско ниво насочувајќи го своето позиционирање, кое го  започна со C4 Cactus, со еден сосема нов и модерен  изглед и појава.

– ПОРАЗЛИЧЕН: CITROËN AIRCROSS ги поместува и надминува сите стереотипи но сепак ги почитува доследно неодминливите правила на сегментот SUV. Неговиот надворешен дизајн и внатрешниот амбиент оставаат впечаток на модернизам и оригинален дух кои се базираат на поимите производ и стил карактеристични за C4 Cactus. CITROËN го докажува својот капацитет за истакнување на својот идентитет во било кој сегмент.

c4-aircross-3

Постои последователност меѓу C4 CACTUS и концептот CITROËN AIRCROSS:

– УНИКАТЕН ОДНОС : спој на моќност и позитивна енергија, CITROËN AIRCROSS претставува заштитнички и удобен SUV. Оптимист, ослободен од секаква форма на агресивност со истакнување на преден план на:

– Оригиналност, беспрекорност и позитивен карактер со глобално избалансиран изглед во хоризонтална изработка, потенциран со флуидни форми и енергични графички елементи,

од примерот на Alloy Bump или пак Air Signs. Целината е интензивирана со црвено портокалова каросерија, симбол на енергичност и релаксираност со иновативни материјали кои евоцираат на издржливост;

– Дизајн во служба на функционалност и аеродинамичност.

c4-aircross-4

– ПОКАНА ЗА ПАТУВАЊЕ во амбиент кој веднаш создава впечаток на УЛТРА КОМФОРНО возило кое истовремено блика со ЕНЕРГИЧНОСТ. Зад управувачот на концептот CITROËN AIRCROSS  сè е создадено за удобност и уживање на телото и на духот. Покрај физичкиот комфор гарантиран со удобните и широки седишта овој впечаток е надополнет со нежните материјали и балансот помеѓу  јасни, светли и интензивни бои. Перфектни линии со напречна изработка кои сугерираат на просторност, геометриски форми кои доведуваат до пространа внатрешност. Секој елемент е спој на естетизам и функционалност. CITROËN AIRCROSS  се навраќа на темата патување со свеж и модерен ентериер кој кани на поинакво восприемање на патот.

– ТЕХНОЛОШКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

CITROËN AIRCROSS поседува два екрани HD од 12’’ од кои еден е мобилен и се користи заедно со совозачот. На секое седиште и има и звучници и микрофони за олеснето разменување и комуницирање со патниците. Технолошката интелигенција се изразува и со можноста од избор на мотор Hybride Plug-In кој е спој на ефикасност и високи перформанси.

Концептот CITROËN AIRCROSS  ќе биде претставен премиерно на Саемот на автомобили во Шангај, место со изразена симболика поради важноста на кинескиот пазар за CITROËN (25% од продажбите и најдобар пазар за марката).

c4-aircross-5