April 28, 2015

БИТОЛА – ПРОМОЦИЈА И ПРОБНО ВОЗЕЊЕ CITROËN C4 CACTUS

БИТОЛА – ПРОМОЦИЈА И ПРОБНО ВОЗЕЊЕ CITROËN C4 CACTUS

Citroën Македонија ве поканува на презентација и пробно возење на новиот Citroën C4 Cactus во Битола на 6-ти и 7-ми мај ( среда и четврток) на плоштадот Магнолија,  од 11 до 18 часот .

Закажете го вашето тест возење уште денес на http://www.citroen.com.mk/zakazhete-sostanok/ или на 047/208-288

Истовремено ќе имате можност одблиску да ги запознаете и новата гама на Citroën C4 и најдобриот семеен автомобил C4 Picasso, лидерот во сегментот на моноволуменски возила во Европа.

 

Новиот Citroën C4 Cactus е автомобил кој ги одговара прашањата на денешницата комбинирајќи иновативен дизајн и корисни технологии:

  • Airbump® иновација од микрокапсули исполнети со воздух и покриени со мека мембрана, за заштита од ситните штети кои се случуваат секојдневно;
  • 7” таблет осетлив на допир за интуитивно, ергономично и едноставно управување со сите функции на автомобилот.
  • Големи предни седишта креирани во стил на софа за удобност, чувство на заедништво и просторност во предниот дел
  • Воздушното перниче на совозачот вградено во плафонот (Технологија Airbag In Roof), светски ексклузивитет кој им гарантира на патниците напред поголем простор и зафатнина.
  • Термички заштитениот панорамски сончев покрив за внатрешноста на автомобилот да се исполни со светлина.

 

Новата гама на Citroën C4 се истакнува со повеќе новитети:

  • Повеќе дизајн: нови LED светла напред и 3D назад, нови бои и внатрешност
  • Нова технологија, едноставна за употреба со 7’’ екран осетлив на допир на контролната табла кој во себе групира: нова навигација осетлива на допир, функција медиуми, телефон и прилагодување на параметрите на возилото.
  • Нови ефикасни мотори PureTech и BlueHDi, вистински генерациски скок, со високи перформанси но економична потрошувачка
  • Повеќе конфор благодарение на извонредната звучна изолација и новото конфорно потпирање
  • Просторност и функционалност со 408л багажен простор
  • Специјална дизел понуда: новата гама Citroën C4 HDi 92 за 13,990 Евра

 

Citroën C4 Picasso го револуционизира светот на моноволуменските возила и ја нуди најдобрата технологија за ваш комфор и уживање.

  • Панорамското ветробранско стакло благодарение на кое внатрешноста е облеана во светлина.
  • 7-инчен таблет осетлив на допир за контрола на сите функции во возилото
  • Прилагодлив 12-инчен HD панорамски екран каде се прикажуваат сите потребни информации за возењето (брзина, вртежи, ниво на гориво…). Овој екран овозможува преглед во HD на функции кои се однесуваат на навигацијата, медиумски уреди, помош во возењето…или пак прикажување фотографии на екранот.
  • Модуларен и разноврсен, новиот Citroën C4 Picasso ги поместува границите за да им овозможи на патниците рекордна внатрешна просторност и рекордна зафатнина на багажниот простор со 537л ;

Citroën C4 Picasso HDi 92 за 17,990 Евра.