June 7, 2018

Бензинскиот мотор Turbo PureTech од Групацијата PSA : Мотор на годината 2018

На дваесеттото издание од церемонијата Engine of the Year Awards четврта година последователно за мотор на годината е избран бензинскиот мотор со три цилиндри Turbo Pure Tech 110 S&S и 130 S&S и тоа во категорија 1L до 1.4L.

Фамилијата на бензински мотори со 3 цилиндри е потпишана од Групацијата PSA. Новата генерација на мотор PureTech со подобрени перформанси и зголемена ефикасност а намалена потрошувачка.

Овие мотори гарантираат :
• Намалување на потрошувачка во просек за 4% во споредба со претходната генерација на  мотори;
• Намалување од 75% на емисија на честички благодарение  на GPF  и почитување на стандардите RDE  предвидени да стапат на сила од 2020 значи три години порано;
• Се адаптира на новата платформа CMP  за урбани возила, лимузини и компактни SUV.

Овие бензински мотори од нова генерација за прв пат се вградени во 2017 и оттогаш масовно се применуваат кај возилата од групацијата PSA во повеќе од 70 државиОвие мотори ги почитуваат европските регулативи Euro 6.d-temp

Во моментов трицилиндарскиот бензински мотор PureTech се произведува во француските фабрики во Па де Кале и во Мозел и во кинеската Ксианд ЈангПоради зголемување на капацитетот на на француските фабрики во Тиши, Полска и Шентгодар во Унгарија од 2019-2020 овие мотори PureTech  ќе се произведуваат и во овие фабрики.

По овој повод, Алан Рапозо, Директор на секторот за моторен погон и шасии во Групацијата PSA, изјави : ” Горди сме на оваа престижна награда четврта година по ред која е доказ за компетентноста и стручноста на нашите екипи за дизајнирање.Денес, овој мотор е дел од многу возила кои бележат огромен успех кај нашите клиенти. Конкурентноста и ефикасноста на нашата гама бензински мотори, особено трицилиндарскиот мотор  PureTech, е светски позната и призната.