December 10, 2013

BBC Top Gear Magazine Awards : нова награда за CITROËN

BBC Top Gear Magazine Awards : нова награда за  CITROËN

По наградата од трите големи германски медиуми Auto Motor und Sport, Auto Bild и Auto Zeitung, CITROËN не запира со серија од одликувања во Англија. Магазинот за автомобили BBC Top Gear Magazine го прогласи Новиот Grand C4 Picasso за « Најдобро семејно возило на годината».

Жирито на BBC Top Gear Magazine, еден од најпрестижните наслови на англискиот печат, беше воодушевено од новиот моноволумен од сагата наречена Picasso дури и пред верзијата со 7 седишта да биде комерцијализирана во Велика Британија.

Бројни квалитети во смисла на стил и комфор

Впрочем, Новиот CITROËN Grand C4 Picasso има бројни предности : возило со оригинален дизајн кој јасно се разликува од верзијата со 5 седишта, нуди нов баланс меѓу внатрешна просторност и флуидни линии, најдобра понуда на пазарот во смисла на модуларност, просторност и пристапност благодарение на новата платформа EMP2, рекордно ниска емисија на CO2 од само 98g/km и новиот мотор BlueHDi 150 чија технологија гарантира намалување на стапката на NOx со непречено намалување на емисија на CO2.

Признати и докажани перформанси за сигурност

Новиот Grand C4 Picasso, обебзбедува перформанси за сигурност на највисоко ниво со добивање на 5 ѕвезди според протоколот EuroNCAP. Овој резултат е награда за остварената и применета работа во делот на сигурноста на овој нов модел.
Од неговото комерцијализирање во јуни 2013, новиот CITROËN C4 Picasso оствари околу 50 000 продажби за двете верзии 5 седишта и 7 седишта.