April 2, 2014

АВАНТУРИСТИЧКА ПОСЕТА НА C_42!

АВАНТУРИСТИЧКА ПОСЕТА НА C_42!

Додека екипите на CITROËN Racing се подготвуваат за новиот предизвик во рамки на Светскиот шампионат FIA WTCC (од 12 април во Мароко), изложбениот салон C_42, од 22-ти март е во боите на новата сезона на авантурите CITROËN. Од B2 Autochenille од 1922 до концепт возилото C4 CACTUS Aventure претставен во Женева, преку ZX Rallye-Raid или C-Elysée WTCC, светската витрина на CITROËN на Авенијата на Елисејските полиња се претставува со оригинална изложба која му овозможува на посетителот да го запознае авантуристичкиот дух на марката од самите почетоци. Искуство кое ги воодушевува и најмалите и повозрасните преку извонредни анимации.

Со 8 шампионски титули на Рели трките WRC, CITROËN за првпат годинава ќе учествува на Светскиот шампионат на FIA за патнички возила, WTCC (World Touring Car Championship), од кои првиот од 12-те натпревари ќе се одржи на 12 април во Мароко. Оваа нова дисциплина одекнува како нов предизвик за CITROËN. Ова е повод  C_42 да ја посвети својата нова сезона на човечките предизвици кои ја трасираа историјата на марката. Трки WTCC , Rallye-raid или WRC, посетителот  има можност да се запознае со некои значајни возила кои ги одбележаа авантурите на CITROËN…

adv1

CITROËN B2 Autochenille при крстосување на Сахара (1922)

 Предвесник и визионер, André Citroën  ја промовира својата марка на еден авантуристички начин со нејзино лансирање во автомобилска експедиција во 1922: Крстосување  на Сахара. Вистински технички предизвик за тој период, оваа експедиција ја користеше новата технологија за моторен погон на сите четири тркала: Аutochenille.  CITROËN B2 Autochenille е првото моторно возило кое ја поминало Сахара за 21 ден  (во споредба со 6 месеци на камила!). Сензационален технички и медиумски успех, André Citroën потоа ќе оргнизира и нови експедиции : познатата Црна експедиција, во Африка (1924-1925), и Жолтата во Азија (1931-1932). Научни и човечки авантури за епохата, чиј светски одек ќе допринесе за реномето на марката.

adv2

 

CITROËN Traction Sans Frontières 11BL (1955)

Оваа година познатиот модел Traction Avant го прославува 80-иот роденден. За првпат претставен во април 1934, одбележа вистинска револуција во еден период кога автомобилите вообичаено имаа моторен погон на осовината назад. Со  спуштен центар на гравитација , ова едноделно челично возило, со намалена тежина и посебна посветеност на аеродинамичноста, Traction Avant гарантираше однесување на патот целосно поразлично од вообичаеното за тоа време. Денес постои здружение « Traction Sans Frontières » кое го поминува целиот свет со ова возило, со учество на ова историско возило во рели трки како и во хумантирани мисии…Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, со изминување помеѓу 3500 km и 8500 km, CITROËN Traction Avant сè уште ја раскажува својата приказна!

adv3

 

CITROËN 2 CV Raid Afrique (1973)

Во 1973 CITROËN организира крстосување низ  пустините Тенере и Хогар со CITROËN 2 CV. 99 млади учествуваа во оваа трка долга 8000 km, од Брегот на Слоновата коска до Тунис. Со неговата едноставност, издржливост и покрај скромната моќност на моторот од 28 КС, CITROËN 2 CV освои предели кои дотогаш беа недостапни за возило со моторен погон на две тркала. CITROËN 2 CV Raid Afrique останува симбол на авантури во целиот свет …

adv4

CITROËN ZX Rallye-Raid (1993)

Друг симбол за авантури CITROËN низ целиот свет, ZX Rallye-Raid е возило на моторен погон на четири тркала од класата T3 (Прототип). Вистинска икона за победи CITROËN во rallye-raid, и беше победник во повеќето Raids вклучувајќи Светскиот куп на rallye-raid. Од Баја-Арагон до Париз – Дакар (4 победи!), преку Париз- Москва- Пекинг и Релито на фараоните, CITROËN ZX Rallye-Raid му обезбеди на CITROËN 5 титули за производители во 90-те години, а на Пјер Лартиг, 4 титули за возачи. Верзијата која е изложена во C_42 учествуваше на Париз-Дакар 1993, со Ален Амброзино зад управувачот.

adv5

CITROËN C-Elysée WTCC (2014)

Изборот на C-Elysée за конструирање на возило WTCC се базира на повеќе точки:

– одредени трки WTCC се одвиваат во земјите каде е комерцијализиран CITROËN C-Elysée

– изборот на троделна каросерија е идеален на аеродинамичен план

– генералната архитектура на возилото

Поставен на тркала од 18 инчи, со издолжена каросерија и бројни аеродинамични додатоци, CITROËN C-Elysée WTCC се афирмира со својот спортски изглед. Под капакот на моторот се наоѓа 1.6 turbo со директно вбризгување од 380 КС. Неговиот старт се најавува на 12 април во Мароко!

adv6

Сoncept CITROËN C4 CACTUS Aventure

Премиерно претставен пред широката публика на саемот во Женева 2014, под називот CITROËN C4 CACTUS, концептот C4 CACTUS Aventure и истакнува со својата повисока каросерија, заштите во долниот дел и неговиот куфер за кров. Најнов пронајдок на човечката авантура која трае од крстосувањето на Сахара 1923 до Електричната одисеја во 2012, ова концепт возило ќе им биде на располагање и на уште две лица за крстосување низ Европа и претставување пред народот! Авантура на 21иот век ќе биде  достапна на интернет со помош на вградените камери во C4 CACTUS Aventure !

adv7

Најдобрите моменти од  C-42 погледајте ги на видеото: