По неговата презентација на Саемот на автомобили во Женева, CITROËN Survolt доживеа да постане вистинско рели возило 100 % електрично и првите километри ќе ги направи во La Mans на 10 јули, со искусниот возач Vanina Ickx.
.jpg)
CITROËN Survolt ги преиначува идеите и прифаќа нов систем на управување кој е 100 % електричен, и овозможува спој на спортскиот дух со перформанси со целосно почитување на околината. Резултат на специјално дизјанирање, CITROËN Survolt има компактни димензии (должина од 3,85 m, ширина од 1,87 m и висина од 1,20 m), со цилиндрична шасија, со рамна основа со екстрактор и карбонска каросерија што го прави вистинско возило за натпревар.

Придвижувано од два електрични мотори со моќност од 300 КС од 0 до 5000 врт/мин, CITROËN Survolt запишува исклучителни перформанси со максимална брзина од 260 km/h. Неговата тежина изнесува 1,150 тони и достигнува од 0 до 100 km/h за време од 5 секунди и за 22 секунди изминува од 0 до 1000 m.

Двете литиумски батерии од 140 кг секоја и капацитет од 31 kW можат да покријат околу 200 km. Може да се наполнат за само 2 часа со специјално напојување и 10 часа на класична мрежа од 220V. Со оваа солуција многу ретка во светот на натпреварите, CITROËN нуди нова визија на автомобилите, оригинален пристап кон креативноста и технологијата.
CITROËN ги поканува сите љубители на спортски автомобили и на нови технологии да го погледаат видеото на www.youtube.com/watch

 |