Како надоврзување на официјалниот ангажман во WRC, со пет титули на светски шампиони FIA во производители, Citroën Racing отсекогаш нудел производи дизајнирани за неговите клиенти. Во оваа насока Citroën го создаде DS3 R3, кој ќе ја има својата можност за докажување на специјалите кон крајот на 2010. Поливалентен, со високи перформанси и достапен, DS3 R3 има желба да постане нов репер во неговата категорија. Базиран на новиот правилник на групацијата R3T, и поддржан од Меѓународната федерација на автомобили, DS3 R3 ја има истата архитектура и појава на серискиот модел. Челичната школка е појачана со арка со мултипоинт заварување, за да гарантира цврстина на шасијата и заштита на екипажот.
Под капакот на моторот, четири цилиндри 1.6 THP (turbo висок притисок) дизајниран на база на сериски мотор PSA. Вградувањето на специјални делови за натпревар (куќиште со воздух, пистони, издувна линија и електронско управување) за достигнување на моќност од 210 КС. Покрај чистата моќност, предност е дадена на вртежниот момент за да овозможи оптималем моторен погон, основа за уживање во ефикасното управување. Со 350 N.m , моторот на DS3 R3 нуди неспоредливо мека примена. DS3 R3 располага со здобиената експертиза од Citroën Racing светскиот шампионат во рели. Како и кај C4 WRC, секвенционалниот шестостепен менувач е пилотиран. Овој менувач гарантира двапати побрзо менување на степени од механички менувач, со подобрување на довербата во моторот.

Дизајниран да се вози на секаков терен од земјен пат до асфалт, со потпирање од најновата технологија. Понудени се многубројни можности за нагодување, за адаптирање на однесувањето на DS3 R3 на сите стилови на возење. Citroën Racing претпочита употреба на пневматици BFGoodrich.Конструиран со компоненти од сериско производство и специјални делови за натпревар, DS3 R3 се нуди со конкурентна цена. DS3 R3 е комерцијализиран од Citroën Racing.
Шасија : експертиза на Citroën Racing во делот на сигурност
DS3 R3 располага со целата умешност и вештина на Citroën Racing во смисла на пасивна сигурност и цврстина на шасијата. Едноделната школка во сериско производство е олеснета од некорисните оригинални држачи, а потоа повторно заварени за да можат да вградат во себе арка мултипоинт составена од 45 метри челични цевки. Конструиран според индустриски процес, кафезот е поставен надвор од возилото за да гарантира подобар квалитет на заварувањето. Од преминот за прицврстување на арматурата до зајакнувачите на вратите, се вградени многу мали детали во концепцијата на шасијата а со цел оптимизирање на сигурноста на екипажот. Едноделната школка се испорачува со сите држачи и прицврстувачи потребни за монтирање на возилото со што се намалува времето и трошоците за конструирање. За подобра распределба на масата, акумулаторот и автоматскиот апарат за гаснење на пожар се поставени зад седиштата. За заштита на механиката, челична заштита за намалување на центарот на гравитација. Резервоарот е хомологиран FIA и ја сочувува првобитната местоположба.
Поврзување со подлогата : прилагодливо потпирање 
Ефикасноста на DS3 R3 на сите типови на подлога е поврзан со квалитетот на предниот трап дизајниран за користење на можностите кои ги нуди групацијата R. Напред оригиналниот простор е променет за да може да прими во себе тубуларни триаголници. Од сериско производство и зглобот е истовремено олеснет и појачан. Дизајниран во соработка со BOS, амортизерите се карактеристични по повеќе иновации:
- Алуминиумски столб подмачкуван со големо количество на масло, за подобрување на константноста и долговечноста на потпирањето.
- Точката на поврзување е поместена кон напред за зголемување на отчукувањето и на должината на движење на амортизерот.
Системот на сопирање е опремен со ‘pedal box’ со двоен главен цилиндар. Дисковите се продупчени со четири пистони напред и два пистони назад. Рачната сопирачка е хидраулична.
Мотор : 1.6 THP со феноменален вртежен момент!
За првпат во неговата историја, Citroën Racing нуди производ за натпревар-клиент со турбо мотор. Неговата концепција е олеснета со искуството здобиено од марката во WRC. Мотор 1.6 THP (туро висок притисок) произлегува од серискиот блок на групацијата PSA. Со спој на турбото од 29 mm, испорачува моќност од 210 КС и максимален вртежен моемнт од 350 N.m. Оваа вредност дава предност на моторниот погон и со многу лесна употреба при сите режими.
Согласно правилникот, многу делови произлегуваат или се деривати на сериско производство. На тој начин колекторите за адмисија и за издув, турбото, бризгалките и пумпата за вбризгување соодветствуваат на оригиналните. Издувниот систем и трубото се исто така посебни; катализаторот е ист како кај C4 WRC.Сметачот на моторот DS3 R3 вградува систем на прибирање на податоци за проверка на голем број на параметри.
Менувач : премиера со пилотирана команда
Една од најновите иновации DS3 R3 е во делот на менувачот. За првпат производ натпревар клиент за rallye има вградено во себе пилотиран менувач за преполовување на времето потребно за премин на степен. Електронско раководење овозможува премин само на еден степен доколку параметрите на моторот го дозволуваат истото. Експертизата создадена од Citroën Racing во WRC овозможува прилагодување на оваа најмодерна технологија на DS3 R3.Во внатрешноста, командата на менувачот од композитни материјали во непосредна близина на воланот ја превзема ергономијата на C4 WRC : за намалување на степени кон наназад и кон нанапред за зголемување на степени. Спојката постои но се користи само за тргнувањата. При промена на степени, спојката се командува автоматски.
Под капакот, специјални елементи за оваа пилотирана команада (електровентили, активатори, елементи за притисок) прилагодени на менувач со шест степени. Картерот со спојка со два диска е од алуминиум.
Дизајнирање : над 10 000 km тест возење !
12 месеци по дизајнирањето во Citroën Racing, DS3 R3 премиерно се покажа кон крајот на месец август 2009. За да се потврди цврстината на повеќето компоненти, тестовите најнапред се направени на медитеранските патеки.Дури потоа тестовите беа извршени и на асфалт, терен идеален за покажување на перформансите и на земја на која може да се вози. Вкупно, DS3 R3 измина 10 000 km со правилна распределба на различни типови на подлоги.Повеќе пилоти се сменија за време на овие тест возења. Со нивното ниво на искуство, сензибилитетот и стиловите на возење, инжиниерите со здобија со многу податоци за идните сопственици на DS3 R3. Едногласно, возачите го ценеа: вртежниот момент на моторот 1.6 THP, пилотираниот менувач и потпирањето. DS3 R3 покажува перформанси кои ќе го вбројат ово возило-репер во неговата категорија во rallye.

Содржина на DS3 R3
Комерцијализиран од Citroën Racing за монтирање на DS3 THP 150
За асфалт (500 делови)
- Мотор за натпревар подготвен за инсталирање
- Менувач составен подготвен за инсталирање
- Појачана школка со прицврстувачи на седиштата и дополнителна опрема (рачна сопирачка, електронски куќишта, помошно тркало..)
- Појачан носач на моторот
- Заштита под моторот и издув
- Подесување на потпирањето напред и назад
- Појачани зглобчиња
- Триаголници за потпирање напред
- Дискови на сопирачки напред и назад со подесување
- Специјални сопирачки напред и назад
- Појачан трап назад
- Подесување на геометрија на заден трап
- Crémaillère de direction directe et assistée
- Специјално сопирање
- ‘Pedal box’ специјален
- Тркала за асфалт 7x17’’
- Резервоар хомологиран од FIA
- Ладење на моторот и менувачот
- Разменувач воздух/воздух со зголемување на натнапојувањето
- Електрика карактеристична за авијацијата со дигитална командна табла
- Куќиште за вбризгување Magneti-Marelli
- Решетка за воздух на покрив
- Лајсна на команда табла
- Заштита на премини на тркала
- Ремени за прицврстување напред и назад
- Прицврстувачи на резервно тркало
Опционал :
- Сет за прилагадоување на земјен пат со амортизери, пружини, дискови на сопирачки напред, тркала за на земја 6 x15’’, заштита на школката
- Couples court ou long
- Одмор за ногата на совозачот
- Ретровизори Citroën Racing
- Паноа на врати хомологирани FIA « crash panel »
- Фарови со ксенон
- Компјутер со податоци од 64MB
- Специјални карти за натпревари
- Кутија со алат
- Пружини
- Barre anti roulis différents diamètres
- Алатка за монтирање на зглобчиња
- Kit cales de réglage
- Држач на моторот
- Лимарски делови
- Делови за моторот
Опрема која не е дел од сетот :
- Седишта
- Држачи
- Против пожарен апарат
- Акумулатор
- Помошно тркало
- Сет за промена на тркало
- Радио и борд компјутер
- Ремен за стегнување назад
- Ремен за помошно тркало
- Одмор за ногата за совозач
- Фолија на стакла FIA
- Пневматици
|