ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
PSA Peugeot Citroën, партнер на павилјонот Франција на Светската изложба во Шангај

На 30-ти април,  Филип Варин (Philippe Varin), Претседател на Директориумот на PSA Peugeot Citroën заедно со Претседателот на Француската Република свечено го отворија павилјонот на Франција на Светската изложба во Шангај. Мецената на павилјонот Франција, PSA Peugeot Citroën ќе ја претстави неговата визија за долготрајна подвижност со почитување на околината и во идеална усогласеност со темата на Светската изложба «поубав град, подобар живот», од 1-ви мај до 31-ви октомври 2010.

Оваа визија во прво време ќе биде отелотворена со две concepts-cars Peugeot и Citroën, целосно  поинакви во нивниот дух и стил кои создаваат две перспективи кои се целосно меѓусебно надополнувачки за тоа што ќе претставува автомобилот утре.  За првпат во историјата на Групацијата создаде concept-car Citroën наречен «Metropolis» кој е целосно осмислен и дизајниран од страна на екипите на Кина Tech Center, центарот на R&D и центарот за Дизајн што групацијата го отвори во Шангај во 2008. Ова возило со чистокрвен дизајн и на погон хибрид-бензин « кој може да се напојува » ќе биде изложено на влезот на павилјонот  Франција за целото времетраење на Изложбата. Концепт возилото Peugeot BB1, возило со електрично придвижување и иновативна архитектура, ги отсликува урбните возила на утрешнината. Ќе биде изложено од  14 јули до 15 август во просторот Фокус на павилјонот.






Иако со различен стил и дух, овие две возила имаат допирни точки во делот на примена на најиновативните технологии за остварување на оригинални еколошки перформанси. Тие се  одраз на солуциите коишто PSA Peugeot Citroën ги создаваат за остварување на целите за намалување на емисија на CO2 до 50% кај гамите кои се продаваат во Кина до 2020год. Визијата на непрекинат развој на подвижност ќе биде исто така изразена на Светската изложба преку серија од форуми анимирани од PSA Peugeot Citroën а кои се однесуваат на големите предзвици на автомобилот: екологија и заштеда на енергијата, урбана подвижност, безбедност на патот, домени каде Групацијата е целосно посветена во Кина и тоа многу години наназад. Овие форуми ќе доведат до средби и разговори помеѓу кинески и меѓународни експерти на оваа проблематика.

Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ