ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
CITROËN DS HIGH RIDER, ВНАТРЕШНОСТ ПО МЕРКА

Париз, 23 април 2010


Претставен на Саемот во Женева 2010, концептот DS High Rider е предвесник на CITROËN DS4, вториот модел од новата линија препознатливи производи DS. Модерна визија за автомобилскиот динамизам, овој концепт ја има компактноста како креирачка вредност и отвора пат кон нова употреба и нова технолошка постапка која се базира на « Full Hybrid » дизел. Денес, DS High Rider ги отвора своите врати и ни го открива неговиот внатрешен карактер.

Обвиткувачкиот амбиент на внатрешноста на DS High Rider, во најголем дел се должи на контрастот меѓу панорамското стакло и затемнетиот плафон, каде се сублимирани сите негови елементи. Грижливата обработка и на најситните детали придонесува за уште поголема елегантност со примена на хромирани делови на наслоните од вратите и на арката со поврзување на командната табла со конзолата. 





Како и надворешниот стил, така и кабината на DS High Rider блика со сила, динамизам и префинетост. Ергономичноста на командите, изработката и квалитетот на избраните  материјали како и амбиентот воопшто оставаат впечаток на висок standing и квалитет и допринесуваат за уживање на сите патници.





Командната табла, седиштата и паноата на вратите, се во кожа од типот "исполнет цвет анилин" која истовремено потсетува на нежна луксузна кожа и на спортски автомобил. На командната табла, оваа висококвалитетна кожа суптилно го обвиткува овој DS. Се добива со обработка под притисок на специјална матрица за кожата за да се добие посебен и уникатен релјеф.





Седиштата се во штоф Bracelet и паноата на вратите во боја која се прелева од сиво кон златно за да се надоврзе на надворешниот динамизам на DS High Rider. Ова прелевање на изгледот од златно кон метализирано е во идеална линеарност. Производ на умешноста на најпознатите специјалисти за кожа со рачна изработка со употреба на специјален лак.









Одразот на надворешниот изглед, внатрешноста на DS High Rider ги следи кодовите на ексклузивност, динамичност и екстравагантност кои го прават овој концепт сосема поинаков од останатите. Според дизајнот на костум сошиен по мерка, возачот се сместува зад управувачот во едно скапоцено возило каде сé е осмислено за негово уживање.







Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ