ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
CITROËN METROPOLIS : CONCEPT-CAR НА НИВО НА КИНА


 


Париз, 19 април 2010


CITROËN ги откри денес линиите на METROPOLIS, нов сoncept-car во чест на одличниот развој во Кина. Ќе биде изложен во францускиот дел на Светската изложба во Шангај кој ќе се одржи од 1-ви мај до 31 октомври 2010.

Лимузина со чистокрвен дизајн и хармонични линии, METROPOLIS е репер за грандиозност, авангардност и динамизам на сите големи агломерации кои имаат моќност на недискутабилна привлечност. За целосно да се доближn до очекувањата на  овој пазар кој е во огромна експанзија, ова concept-car е дизајнирано од страна на меѓународната екипа за дизајн на CITROËN која се наоѓа во Шангај од 2008. 

Вистинска уметничка креација, METROPOLIS е одраз на луксуз и привлечност во светот Créative Technologie на марката. Идеален одговор на тема француски покрив: « чувствителен град ». Историјата на CITROËN се препознава со возила од високата гама  одбележувајчи го развојот на автомобилскиот род веќе 90 години. Посетителите на Светската изложба може да се запознаат и да уживаат во едно « автомобилско уметничко дело  » создадено од креативна потреба и технолошка генијалност за што  сведочи хидроактивното потпирање и хибридниот погон plug-in на METROPOLIS.

Светската изложба во Шангај е можност за марката за го афирмира нејзиниот интернационален карактер и повтроно да ја докаже, дури и по дваесетгодишно постоење во Кина посветеноста на потребите и очекувањата на овој пазар. Кина денес претставува лидер на светскиот автомобилски пазар, и втор пазар за CITROËN. Марката таму оствари, во 2009, рекордна година на испораки со пораст од над 57%.


METROPOLIS : луксуз на највисоко ниво

Покрај троделниот профил, неодминливост за овој сегмент во Кина, METROPOLIS изразува визија на креативен и софистициран луксуз со импозантна појава (5.30m x 2m x 1.40m) : одраз на амбицијата и на скалилото каде ова концепт возило се поставува.



Надворешниот стил кој истовремено е спектакуларен и мускулест се облече во јасна руба во суптилна боја, "Pearl Silk", чиј интезитет се менува во зависност од осветленоста, од каде се наѕираат богатите облини и грижливо изработените детали.

Инспириран од "кинеската светица" XIAN NU, изразот на METROPOLIS е спој на мазни површини, затегнати линии но сензуални облини со посебни елементи како на пример крилото која остава впечаток на моќност и на истенченост на лицето напред.


Со издолжување кон назад, хромираните елементи кои се вградени на горниот дел од страничните стакла за продолжување на кабината но и за сочувување на интимноста на патниците назад. Фиксното стакло "oriflamme" не дозволува чувство на тежина оставајќи ефект на лебдење со извор на светлина, иновација на DS.


Лицето напред на METROPOLIS јасно ја изразува моќноста која е на располагање од маската во форма на "елен во елан" во детално изработен дизајн. Истенчените и издолжени фарови  кои ја врамуваат маската и ја истакнуваат нејзината одлучност и интензивност, оддавајќи и на целината сосема природен и непротивречен авторитет.



Задниот дел на ова концепт возило, успешно ги спои ширината со стабилноста целосно сочувувајќи ја стегнатата форма и аеродинамичноста. Конкавното задно стакло, во комбинација со багажникот, инкорпорира активен клун кој го зацврстува јасниот израз на концептот. Светлата  "boomerang  во повеќе слоеви" поставени едно врз друго, за допринесуваат за оригиналноста на задниот дел на METROPOLIS.


Дизајнот на внатрешноста се инспирира од настаните и од кинескиот музички инструмент ("GU ZHENG"). Целината се прикажува во слоеви кои се поставени еден врз друг и кои формираат кутија за скапоцен накит каде луксузот се изразува на сосема понаков начин, "ориентален"... Внатрешноста на METROPOLIS ги превзема кодовите на луксузноста каде на прво место се наоѓа богатството на изразување.


CITROËN FRANCE - SERVICE PRESSE

CC : LI044 - 6 rue Fructidor 75835 Paris Cedex 17 - TÉL. : +33(0) 1 58 79 75 87 - FAX : +33(0) 1 58 79 74 03 - 

service_presse@citroen.comwww.citroen-presse.comwww.citroen.com


Како заклучок : величенственост, хармоничност, стабилност, рафинираност поврзани со креативноста, технологијата, перформансите и квалитет се епитети кои го дефинираат ова ново концепт возило. Тие се одраз на зголемувањето на кинеската и француската сензибилност. METROPOLIS е според имиџот и амбицијата на Кина која е во постојано движење.



METROPOLIS : авангардни технологии


METROPOLIS го почитува балансот помеѓу урбаната одговорност и уживањето во возење со помош на хибридниот погон plug-in. И за целосно уживање во динамичните карактеристики, тука е потпирањето Hydractive. Марката CITROËN одговара на очекувањата на универзален комфор, особено во Кина. Овозможува управување со константна поставеност за подобра аеродинамичност, а оттука и намалување на емисија на CO2.



Хибридниот погон plug-in му овозможува на METROPOLIS да се движи на различни начини:

> само на електричен начин (на стартување, во град при мали брзини и при намалување на брзината) : со електричен мотор од 55 КС (40 kW) и од 95 КС (70 kW).

> само на термички начин (при стабилна брзина на автопат кога моторот го постигнува оптимумот): со мотор бензинец V6 2,0l. Овој мотор нуди моќност од 272 КС (200 kW) и максимален вртежен момент од 375 Nm во континуитет.

> со комбинирање на двата мотори :

• во фаза на забрзување и зголемување на моќноста (функција « overboost »), за достигнување на максимална моќност од 460 КС (345 kW) и вртежен момент од 430 Nm.

• со погон на четири тркала, доколку условите го налагаат истото.


Ваквиот спој на уживање во возењето со одличните перформанси и значајно намалување на емисија на CO2 допринесува за заштита на околината. Дури и за пет пати се намалува емисијата на CO2 (70 g/km, односно потрошувачка од 2,6 л/100км) во споредба со класичен погон со слични перформанси (мотор V8 4,0 l ).


Овој резултат се добива со:

> оптимизирање на бензинскиот мотор

> механички пилотиран менувач со 7 степени и со двојна спојка

> хибридност на возилото

> стратегии на функционирање на хибриден погон со постојано оптимизирање на емисија на CO2.
 


Марката CITROEN

Динамична и креативна марка, CITROËN го лансира во 2010 првиот модел од неговата нова линија,  CITROËN DS3.

90 години на ‘Créative Technologie’, CITROËN донесува конкретни одговори на проблематиките со опкружувањето и во 2010  комерцијализира две електрични возила и го генерализира системот Stop & Start. CITROËN, претставува 8 000 продажни места за неговите клиенти, 13 500 соработници и присуство во околу 80 земи,1 346 000 продадени во 2009… и еден проект на марката лансиран во февруари 2009.





Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ