Неодминлив моден детал, CITROËN DS3 се поднови со најубави модни парчиња за да ги пречека гостите по повод ретроспективната изложба на Ив Сент Лорен.

Со спојот на првиот модел од линијата DS со модениот креатор и револуционер на женската мода, CITROËN само го потврдува светот на Créative Technologie. Станува за збор за модна верзија на DS3, персонализиран според боите на ретроспективната изложба на Ив Сент Лорен, посетен од познати лица од светот на модата и на филмот кој се одржа на 10 март во Малата палата (Petit Palais).

Изложбата која е реализирана од страна на фондацијата Пјер Берже- Ив Сент Лорен групира над 300 модели кои претставуваат историски и културен панорамски приказ на делото на големиот моден креатор, од неговите почетоци кај Диор во 1958 до неговото повлекување во 2002. Јавноста за првпат ќе ги погледне легендарните фотографии на Ив Сент Лорен направени од Жан-Лу Стиеф во 1971.


Градско возило со привлечни и мускулести линии, CITROËN DS3 навлегува во светот на модата спојувајќи ја неговата уникатна атмосфера отпечаток на луксузноста и препознатливоста на елеганцијата и на естетизмот на авангардниот моден креатор Ив Сент Лорен.
Фотографии на : http://www.citroen-presse.com/
|