Париз, 2 март 2010
SURVOLT : ГЛАМУР, ТРАНСГРЕСИЈА И МНОГУ ВОЛТИ!
Survolt е продолжение на размислувањето на CITROËN за електрични возила кои се поинакви и препознатливи, кое е иницирано со концепт возилото Revolte претставено на саемот во Франкфурт. Survolt ги преиначува познатите идеи и нуди различна и радикална визија: идеален спој на гламур и екстравагантност од високата мода со динамизам за автомобилски натпревари.

Желбата да се надминат сопствените граници, да се оди подалеку, да се биде смел и да се создава е запишано во гените на марката CITROËN. Да се прекине со конвенциите, да се преиначат правилата, да се поместат границите, да се изненадува непрестано е возбудлива потрага, лајмотив на марката која во 90-те години постоење, постојано нуди иновативни предмети. Според оваа слика, Survolt ги поништува протоколите и ги надминува кодексите. Спој на гламур и на желба за натпревари, Survolt е спортска и атлетска изведба на Revolte.

Survolt, иновативен и сензуален
Со неговите компактни димензии (должина од 3,85 m, ширина од 1,87 m и висина од 1,20 m), Survolt ги има истите стилистички кодови на спортскиот универзум за да изрони како уникатен и револуционерен концепт.

Напред, етикетата на поинакви возила крунисани со елеганција над големата овална маска каде блеснува двојниот шеврон. Неговиот поглед е истовремено шармантен и прониклив, привлечен и достоен, ветува моментално возможна трансгресија. Хоризонтални тенки фарови, кои произлегуваат од светот на спортски купеа со високи перформанси, кои функционираат како неоддолив љубовник. Светлечки потпис составен од лед ламби кои оддаваат шмек на современост и технологија.

Survolt е дизајниран да го проголта асфалтот и да го надлета патот. Ова ниско и расно купе игра на контрасти помеѓу капакот на моторот и заоблените масивни и извајани страници, со истакнување на маркантните премини на тркала, со што ветува перформанси и сензации.

Воздушното движење го предводи флуидниот дизајн кој го прави полн со емоции и сензуалност. Го препознаваме како подвижен, прецизен, динамичен и моќен преточен во рафиниран и луксузен изглед. Назад, концепт возилото го има познатиот елегантен и осветлен потпис на Revolte. Ознака која е неопходна во светот на автомобилскиот спорт.

Иновативен и моќен, Survolt знае да биде и шармантен. Знае да ги открие најдобрите адути за да продефилира на спортските писти. Двобоен, во fuchsia и сива антарцит нијанса си поигрува со материјалите и со зафатнината. Облините му се истовремено сатинести и брилијантни. Бојата дефинитивно раскинува со класичниот машки спортски свет. Далеку од правилата и кодексите, Survolt создава сопствен јазик за формата.

Присуството на материјали од типот на хром и алуминиум безмилосно потсетува на светот на луксузот и натпреварите. Survolt е спој на светот на високата мода и спортските натпревари. Овој оригинален и неповторлив спој ја споделува истата филозофија, ги превзема истите кодови, перформанси како и најнапредната технологија.

Survolt, рафинираност во спортскиот свет
Сockpit на Survolt е изработен како флотантна келија, стаклена кутија за скапоцен накит. Трансгресија на конвенциите за луксуз за да направи спој на спортскиот дух, којшто е лајт мотив на Survolt.
Внатрешноста на Survolt е осмислена како вкрстување на два света каде сé се спротивставува. Оваа симбиоза создава органски свет кој истовремено е флуиден и технички, и од каде се издигнува пилотското седиште. Сé е осмислено и дијазнирано да донесе удобност и рафинираност за двајцата сопатници за уникатно задоволство и исклучително искуство.
Употребата на голема стаклени површини за поголема светлина и чувство на просторност, сосема спротивно на она што го нуди едно класично спортско возило.

Survolt, моќност и сензации
Survolt, воодушевува со неговата иновативна технологија која ја почитува и околината. Според имиџот на Revolte, модерен активист, Survolt се анимира со електричен начин на придвижување. Оваа иновација овозможува спој на спортот со перформансите со почит кон околината и обновувањето на енергијата. Оваа технолошка солуција, која е сеуште реткост во светот на натпреварите е инкарнација на неспоивото. Но CITROËN се осмелува, CITROËN создава, CITROËN ги прекршува конвенциите за подобро да ги сублимира. Неприкосновен, овој начин на придвижување ги сврзува уживањето во возење, сензациите, перформансите и динамизмот и сето тоа во огормен комфор, затоа што е бессшумен.
Со Survolt, CITROËN нуди нова визија за автомобилот, неповторлив поглед во адекватност до неговата приказна која трае 90 години затоа што оваа иновативна марка е целосно посветена на креативноста и технологијата.
|