ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
DS HIGH RIDER : динамичност, компактност и ексклузивност

Париз, 2 март 2010


DS HIGH RIDER : динамичност, компактност и ексклузивност


Во февруари 2009, CITROËN со посебен настан го најави раѓањето на нова линија препознатливи производи: линијата DS. Таа ги најави новите лица и новата динамика на марката, под новиот потпис: Créative Technologie. Комплементарна на основната гама CITROËN, линијата DS нуди радикални производи по избор на клиентите кои се во потрага по стил, архитектура, сензација и рафинираност.


Само една година по главниот настан, во изложбените салони на марката се појави DS3. Со ова CITROËN премина во нова етапа на футуристичка нота во оваа нова линија производи. Станува збор за концептот DS HIGH RIDER. Модерна визија на динамичност којашто компактноста ја зема за основна вредност и која отвора нови хоризонти кон употребливоста, ново уживање во автомобилот и иновативна технолошка постапка наречена Full Hybrid 4.



Линија DS : патоказ кон нов универзум


Со DS HIGH RIDER, CITROËN останува целосно верен на филозофијата на линијата DS :  понуда на производи со истакнат стил и архитектура.
Без да одземе ништо од шармот на традиционалните купеа, CITROËN го создаде овој концепт за  да го изрази динамизмот на автомобилот.


За разлика од купе со 4 седишта кои најчесто се долги и ниски, DS HIGH RIDER е израз на компактна и мускулна динамичност. DS HIGH RIDER е очигледен пример за компактност со зацврстување на перцепцијата на динамичност.


Оваа динамичност визуелно се преведува, зад воланот, со оригинални чувства во возењето благодарение на комбинирањето на следните елементи:
• Ветробран стакло кое се искачува високо на покривот,
• Поставеност на внатрешноста според желбите на патниците за израз на нивното држење,
• Поврзување со подлогата според умешноста на марката за гарантира динамични чувства и изолација од највисоко ниво.



 


Стил - инкарнација на нова визија


Директна инспирација на вредностите кои ги носи во себе, стилот на DS HIGH RIDER ги избегнува стереотипите за да создаде оригинална форма, крајно модерна и природно елегантна. DS HIGH RIDER е одраз на чистота и разиграност.


Предмет кој се посакува, се истакнува со сопствената компакност, « убав автомобил » кој дава предност на хармоничноста на формите, со сензуална моделираност и физичка присутност. Поставеноста е висока и оддава чувство на сила со тркалата од 19 инчи кои придонесуваат во дефинирањето на карактерноста на DS HIGH RIDER. Првенство се дава на потргата по автентична елегантност на неговите форми кои понекогаш се користат за да се окарактеризира возилото : премините на тркалата, обработката на зафатнината и особено страниците кои самите по себе се сосема доволни за да изразат цврстина и заштитнички карактер на DS HIGH RIDER. Елементите на браниците напред и назад, се израз на динамичност и агилност и се идеално вградени во зафатнината на DS HIGH RIDER.



Убав автомобил, убаво купе, DS HIGH RIDER кое се истакнува со ексклузивност и елеганција, потенцирајќи ја убавината на линиите со шмек на современ престиж : во хармонија со « Golden Gloss » златна боја, сензуална и оригинална, за првото појавување на DS HIGH RIDER, хромирани делови околу страничните стакла кои ја истакнуваат формата и ја облеваат со светлина ; светлина која е дел од орнаментите на лицето напред и назад и кои ги оцртуваат фаровите и позиционите светла.



Предмет со оригинален карактер, DS HIGH RIDER целосно CITROËN, моментално  препознатлив по двојниот шеврон околу кој се протега лицето сé до истегнатиот заден дел.



Уникатен, подвижен и привлечен концепт


DS HIGH RIDER ја динамизира поливалентноста со зголемување на подвижноста: на прв поглед се наметнува како купе синоним на движење, со правилни пропорции. Купе кое остава впечаток на сигурност, суптилно мускулест карактер, без пренагласена агресивност: псотавеноста е висока, видливото поле доминира над патот и над сообрааќајот. Чувството на сигурност и безбедност е насекаде присутно без ниту еден знак на арогантност и бруталност. Покрај тоа не зазема многу простор на патот во споредба со неговата внатрешна просторност: должината на DS HIGH RIDER останува во рамки на 4,26 метри (ширина од 1,82 m и висина од 1,48 m).
Ако практичноста е облечена во елеганција кај DS HIGH RIDER, таа инспирира други задоволства со плафон обвиткан во платно, со што се насетува  неговата отворена позиција.



Подвижноста и капацитетот на DS HIGH RIDER ги надминуваат сите ограничувања, кои се јасно видливи, и се преведуваат во изборот на мотори како и технологијата Full Hybrid 4 која е спој на:
• Термички мотор diesel HDi FAP,
• Електричен мотор поставен на подвозјето назад.



Задоволството од динамичните перформанси се спојува со сочувувањето на природната околина. Full Hybrid 4 овозможува спој на концизност на дизел мотор од најнова генерација со електричен ZEV (Zero Emission Vehicle), за постојано оптимизирање  на  функционирањето на двата мотори. Електричниот мотор може, штом возачот ќе има потреба од забрзување, моментално да овозможи дополнителен вртежен момент од оној на HDi. Покрај тоа, тој вртежен момент се пренесува и на тркалата назад. Во овие услови на употреба , управливоста е целосна, а контролата целокупна; динамичните квалитети на DS HIGH RIDER во овој случај се идеализирани.



 



 


 

Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ