Нула литри бензин, нула емисија на CO2, нула бучава! Со C-ZERO, CITROËN ја збогатува понудата во сегментот на мали возила со решение кое е 100 % електрично. Ова ново урбано возило е осмислено за олеснување на урбаната подвижност : мал габарит, брзо полнење, и доволна автономија за да ги покрие сите секојдневни патувања, и сето тоа во тишина со што ќе заборавиме на вревата во градскиот сообраќај.Вистински концентрат од технологија и креативност за да одговори на предизвиците на утрешнината!
Со над 5 500 веќе произведени електрични возила, CITROËN поседува незаменливо искуство со кое се истакнува како главен актер на пазарот кој бележи силен и брз пораст.
Комерцијализиран во последното тромесечје од 2010, CITROËN C-ZERO, дизајнирано во соработка со Mitsubishi Motors Corporation (MMC), е втора понуда на марката во делот на електрични возила, покрај Berlingo First Electrique, дизајниран со Venturi. На францускиот пазар, овие два модели имаат право на владиниот бонус од 5 000 €.

ПОНУДА ВО СОГЛАСНОСТ СО ПОЛИТИКАТА НА МАРКАТА
Пред повеќе години марката се обврза на политиката за намалување на потрошувачка на гориво и ефектот на стаклена градина. Марката CITROËN, се вбројува меѓу лидерите за заштита на околината, на ова се надоврзува и C-ZERO во богатата гама производи кои ја почитуваат околината. CITROËN, денес претставува : • C3 и DS3 понудувајќи верзии со 99 гр/км CO2, • над 30% од возилата кои се комерцијализирани испуштаат помалку од 120 гр на CO2 на km. И други технологии се исто така на програмата : • генерализација на системот Stop&Start од втора генерација 2010, • лансирање на возилото full hybrid во 2011, со DS5.
100 % ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО
Целосно електрично возило, CITROËN C-ZERO поседува синхрон мотор со постојано магнетно поле кое испорачува 47 kW или 64 КС CEE од 3 000 до 6 000 врт/мин. Неговиот максимален вртежен момент изнесува од 180 Nm, од 0 до 2 000 врт/мин. Моќноста се пренесува на задните тркала преку редуктор со една брзина. Напојувањето на моторот се врши со батерии од најнова генерација, од типот на Lithium-ion, вградени во централниот дел на возилото. Составени од 88 келии од 50 Ah (енергија од 16 kWh), напојувањето е испорачано под 330 V. Технологијата Lithium-ion овозможува ограничување на масата на батериите, а во споредба со традиционалните технологии има еднакви карактеристики. Оваа технологија не е чувствителна на делумните полнења и воопшто не влијае на животот на батериите.
ЕДНОСТАВНО ПОЛНЕЊЕ, ЕДНОСТАВНА УПОТРЕБА
Полнењето на батериите на CITROËN C-ZERO е едноставно: доволно е само кабелот на напојување да се приклучи на 220 V. За целосно полнење потребни се 6 часа. Исто така е можно понење со помош на приклучување на надворешна клема која испорачува монофазна струја од 125 A под 400 V за моќност која може да достигне до 50 kW и да се наполни 80 % за само 30 минути. Употребата на возилото е едноставно: едноставно завртување на контакт клучот и звучен сигнал за потврда дека возилото е стартувано. CITROËN C-ZERO се управува како и секое возило со автоматски менувач. Традиционалниот индикатор за гориво е заменет со индикатор за наполнетост на батеријата.
РЕАЛНИ И АКТУЕЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
CITROËN C-ZERO е идеално адаптиран за да ги задоволи сите типови на фирми – администрации, колективи, флоти, … - но истовремено и физички лица кои се во потрага по возило кое е економично а со исклучителна примена. Со 4 вистински седишта – со меѓуоскино растојание од 2,55m – и багажен простор со капацитет од 166 литри, природно поседува впечатлива бессшумност во функционирањето и нуди богата опрема за удобност и за безбедност: серво управувач, ABS, ASR, ESP, електрика на стакла, 6 airbags, автономно телематско куќиште за итни повици и специјален клима уред.
УРБАНО ВОЗИЛО СПОКОЈНО И НАДВОР ОД ГРАДОТ
Со должина од 3,48 m и дијаметар на завртување од 9 m, CITROËN C-ZERO се протнува во градот со екстремна леснотија. Неговите перформанси (максимална брзина од 130 км/ч, од 0 до 100 km/h за околу 15 секунди и 60 до 90 км/ч за 6 секунди) и автономија од околу 130 km за спокојно и безгрижно нурнување и надвор од градот. Во Франција, 70 % од секојдневните атомобилски патувања , за една недела, се помали од 30 km, со еден глобален просек од 40 km.
|