CITROËN прославува, во 2009, 90 години постоење: 90 годинии иновации одбележани со исклучителни модели кои го создадоа препознатливиот имиџ на марката, со Traction, во 1934, 2 CV во 1948 или револуционерната DS од 1955. Денес, Créative Technologie му овозможи на CITROËN да понуди најбогата гама од неговото постоење, прилагодена на најразличните очекувања на клиентите и непрестан развој за што сведочат двете светски премиери претставени во Франкфурт: новиот C3 и првиот претставник од линијата DS : DS3. Двата новитети се прилагодени на постојаниот развој на возилата од овој сегмент и на очекувањата на клиентелата. Во делот на концепт возила, CITROËN го претставува REVOLTE, луксузно градско возило, непокорливо и еколошко, на хибриден погон со можност за наполнување, солуција прилагодена на секојдневна употреба.

Денес, CITROËN го изложува и Berlingo First Electrique, предлог во согласност со потребите на флотна продажба за секојдневни движења во град. Модел кој е целосно електричен и ќе биде комерцијализиран на почетокот од 2010. Претставува дел од јавниот повик на Пошта за изработка на 500 парчиња. Оваа стратегија ги опфаќа возилата која го намалуваат ефекот на стаклена градина и од 2011 се очекува комерцијализација на возило « Full Hybrid » Diesel, со DS5 и генерализација на моделите со технологија « Stop & Start » од втората генерација, како бензин така и дизел. Понудени се две нови генерации на мотори HDi: V6 3 литри и 2 литри. Овие мотори се со високи перформанси, економични и еколошки со реално намалување на потрошувачка и емисија на CO2 од 4 до 15 % во зависност од моделите. Впрочем и C3 и DS3 имаат по една понуда HDi со емисија на CO2 ограничена на 99 g/km. CITROËN ја потврди улогата која ја има меѓу европските лидери во делот на слаба потрошувачка и ниска емисја на CO2 :
• 25 % од возилата продадени во Европа и кои испуштаат помалку од 110 g на CO2 на km се од марката CITROËN, • 30 % од моделите комерцијализирани од Марката испуштаат помалку од 120 g CO2 на km.

Покрај REVOLTE, уште две концепт возила се претставени на штандот: C4 WRC HYbrid4, спортско и еколошко возило Citroën Racing, и исклучителниот GTbyCITROËN, чија комерцијализација во ограничена количина се проучува. Кога станува збор за најмодерна технологија, Créative Technologie се спојува со интелигентна контрола на движењето, кај C4 Picasso и C5, со што корисниците можат лесно да се движат на тешки услови на патот или пак Grip Control, комерцијализиран кај Berlingo, за подобра моторичност на снег, песок или кал …

Производи новитети : 2 светски премиери и еден нов менувач
НОВ CITROËN C3 –VISIODRIVE
Тој е убав. Тој е млад. Тој е интелигентен. CITROËN го лансира новиот C3.
Комерцијализиран од ноември 2009, новиот CITROËN C3 си постави амбициозна цел : замена на best-seller продаден во над 2 милиони примероци. « Оваа обнова е една од најважните за марката и претставува средство за достигнуивање на нашата амбициозна цел, поголемо пазарно учество, како кај физичките лица така и кај правните.» Фредерик Банзе (Frédéric Banzet), Генерален директор на Citroën. Формулата за која се определивме : да го земеме најдоброто од C3 и повеќе од тоа. Овој нов Visiodrive ги има сите аргументи за да ве заведе:

- Оригинален и позитивен карактер, уште позатегнат стил, повисоко ниво на квалитет на изработка. - интелигентна архитектура за создавање на внатрешна просторност надвор од сите стандарди но сепак останувајќи компактно возило на пазарот. - зачудувачки и разумни динамични квалитети, со синтеза која се зголемува подеднакво во делот на комфорот и задоволството, како во град така и на автопат, со контролирана потрошувачка кај сите мотори и амбициозна програма на намалување на CO2.

Новиот C3 нуди повеќе. Неговото ветробранско стакло Zenith, е уникатно. Покрај осветленоста и прегледноста на патот, ова ветробранско стакло им создава на патниците на нашиот Visiodrive оригинално автомобилско чувство.
CITROËN DS3 : АДУТ ШАРМ
Достапен за нарачка од почетокот на Саемот на автомобили во Франкфурт, DS3 за првпат ја открива убавината на линијата DS. Препознатлива линија, која нуди комплетен избор на производи кои ја надополнуваат гамата на Марката. Линија која, како што и ни открива нејзиното име, претставува симбол на креативноста и на технологијата на CITROËN. DS3 е екслузивна и препознатлива по : комплетниот и привлечен стил благодарение на многубројните можности на персонализација, динамично однесување со модернистички дух кој идеално ги соединува ефикасноста, релаксираноста и интелигентниот дизајн кој го прави ова возило повеќефункционално и прилагодливо на секоја ситуација. DS3 креира свој сопствен пат…

• поставувајќи ја желбата во центарот на искуството со неговиот скулптен стил и оригинален амбиент во внатрешноста; • нудејќи жив и карактерен дизајн: постојат повеќе DS3, така што секој може да си го креира по сопствена волја. Покрив, каросерија, школки на ретровизори, тркала и многу надворешни елементи кои се персонализираат, за креирање од DS3 возило по сопствен имиџ; • понудувајќи нова модерна визија за уживање во возењето, надоврзувајќи ја динамичноста и контролата. Жив и слободен, DS3 претставува репер во делот на комфорот; • привлечен си можностите кои ги нуди во секојдневието, Со особено интелигентна архитектура, целосно ги искористува неговите 3,95 m должина, 1,71 m ширина и 1,46 m висина и нуди 5 вистински седишта со огромен багажен простор од 285 л.

CITROËN C.CROSSER : НОВ МЕНУВАЧ И НОВ ДИЗАЈН ЗА ПОДОБАР ИЗГЛЕД И ПОГОЛЕМА ЕЛЕГАНТНОСТ
Со новиот менувач DCS (Dual Clutch System) и нов ентериер (нов тапацир и редизајнирана инструмент табла), CITROËN C.Crosser им нуди на корисниците значително подобрување и напредок во делот на удобноста во возењето и уживањето во внатрешноста. Нов менувач DCS, механички управуван со двојна спојка, за исклучителна удобност во сите конфигурации. Тој се нуди како алтернатива на традиционалниот менувач кај моторот HDi 160 FAP.

Концепт возила : од мало градско и луксузно до исклучително спортско возило REVOLTE : ЛУКСУЗНО, ИСТРАЈНО И ЕКОЛОШКО
Знак на храброст и напредок, CITROËN докажа уште еднаш дека со концепт возилото REVOLTE, мало урбано ултра модерно возило... Компактно градско возило, REVOLTE умешно ги надитрува замките од градскиот метеж целосно поместувајќи ја визијата која е вообичаена за мало возило. Авантурист и тренди, технологија исполнета со гламур и разиграна динамичност. Бисерни и glossy надворешни бои и, текстил кој е нежен и мек, суптилни и рафинирани материјали, REVOLTE во еден здив ги нурнува патниците во една скапоцена женска кутија за накит! Жив и нервозен, REVOLTE ја избра технологијата на утрешнината - хибридно придвижување со одлични еколошки карактеристики, грижејќи се подеднакво за агилноста на ова концепт возило.

GTbyCITROËN : НАДМИНУВАЊЕ НА ГРАНИЦАТА НА ВИРТУЕЛНИОТ СВЕТ
Со show-car GTbyCITROËN, Citroën се позиционира како прв производител на автомобили кој ја надминува границата на виртуелниот свет. Оригинална интерпретација на големо патничко возило, GTbyCITROËN е производ на соработка помеѓу Citroën и Polyphony, креатор на играта на симулација Gran Turismo 5, понудена за Playstation3.
C4 WRC HYbrid4 : CONCEPT CAR СПОРТСКО И ЕКОЛОШКО ЗА CITROËN RACING
Citroën претставува concept car C4 WRC HYbrid4, прво возило наменето за WRC и со хибриден систем за акумулирање на енергија за зголемување на перформансите и намалување на емисија на честички. Системот HYbrid4 овозможува акумулирање и чување на еден дел од кинетичка енергија на возилото за време на сопирањето. Оваа енергија е трансформирана со мотор генератор се акумилира во батерии кои се поставени во задниот дел на возилото. Потоа истата може да се користи за зголемување на моќноста и при забрзување било да се движи возилото на електричен начин без никаква емисија на звуци ниту емисија на издув. На хибриден начин, се зголемува автономијата за 40 km со намалување на потрошувачката за 3 0%.

Нови мотори : одраз на уживање и економичност
C5 & C6 V6 HDi 240 FAP : НОВ МОТОР КОЈ КОМБИНИРА МАКСИМАЛНО ЗАДОВОЛСТВО СО НАМАЛУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКА И ЕМИСИЈА НА CO2
Со пристигнување на новиот мотор V6 HDi 240 FAP, Citroën C5 & C6 нудат промени до типот « двоен победник ». C5 & C6 HDi 240 FAP постигнуваат нов чекор во делот на уживањето, карактеристиките, изолацијата и перформанси во смисла на чувствително намалување на потрошувачката и на емисијата CO2 од 12 до 15 %. Оваа механика ги почитува стандарди за емисија, Euro V.
НОВ МОТОР HDi 2 ЛИТРИ КАЈ C4 PICASSO, GRAND C4 PICASSO И C5 : ПОЗИТИВНО РЕПОЗИЦИОНИРАЊЕ ЗА КЛИЕНТОТ И ЗА ОКОЛИНАТА
Со коренитите промени направени со доаѓањето на нова генерација мотори 2 литри HDi, CITROËN C4 Picasso, Grand C4 Picasso и C5 им нудат на нивните сопственици перформанси во постојан прогрес со значително намалување на потрошувачката на гориво и емисија на CO2. Кај CITROËN C4 Picasso и Grand C4 Picasso, испорачаната моќност достигнува 110 kW (или 150 КС CEE), со пораст од 10 % со просечна потрошувачка која достигнува до 5,8 л/100 km и емисија на CO2 од 152 g/km.. Кај CITROËN C5, моќноста достигнува 120 kw (или 163 КС CEE), односно добивка од 16 %. Потрошувачката се поставува на 5, 6 l/100 km, а емисија на CO2 на 147 g /km, односно придобивка од околу 4 %. Нови технологии : за исполнување на сите очекувања

BERLINGO FIRST ЕЛЕКТРИЧЕН : ВИСТИНСКО ЕКОЛОШКО ВОЗИЛО НАМЕНЕТО ЗА ФЛОТНА ПРОДАЖБА
Berlingo First на целосно електричен погон. Поставен под капакот на моторот напред на местото на термичкиот мотор. Ваквата имплантација нуди капацитет на товарање без промена на корисниците. Со асихрон трофазен мотор со максимална моќност од 53 kW и максимален вртежен момент од 180 Nm, Berlingo First на електричен погон нуди автономија од 100 km и дозволува максимална брзина од 100 km/h. За целосно наполнување на батериите се потребни 8 часа. Моментално повеќе вакви возила се тестираат и тоа во реални услови за дистрибуција на пошта, во рамки на јавниот повик за набавка на 500 возила за « Пошта », чиј резултат ќе биде познат до крајот на годината.

GRIP CONTROL КАЈ BERLINGO : ЛЕСНО НА СЕКАКВА ПОДЛОГА
Berlingo во опционал нуди нова генерација на систем за антипролизгување нарачен Grip Control, особено прилагоден на неговиот авантуристички карактер. Grip Control е вграден во калкулаторот ESP. Нуди пет начини на употреба кои возачот ги одбира со командата на командната табла.
“Standard” : За секојдневна употреба. “Снег” : Наликува на карактеристиката понудена со Интелигентна контрола на моторен погон кај C5 и кај C4 Picasso, за стартување и за движење на подлога покриена со снег. “Tout-chemin” : се одбира на каллива подлога, земјена или на влажна вегетација. “Sable” : систем кој овозможува возилото да се движи на песоклива подлога. “ESP off” : ESP off ја исклучува помошта при возење кој е контролирана од сметачот на ESP.

|