ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
Citroën : предвесник во делот на комуникацијата!


Штом чуете за « Citroën » веднаш си го замислувате неговото лого со двоен шеврон. Но знаевте ли дека Андре Ситроен е создател на марката и дека ја носел во себе идејата уште од 20-те години на минатиот век?
Авантурата на марката Citroën започнува кон крајот на Првата светска војна во 1919. Андре Ситроен си создаде сопствена марка автомобили. Предвесник во делот на комуникацијата, веднаш се потпре на силен визуелен идентитет, и самиот претставен во симболиката на двојниот шеврон на марката.


« Тато, мама и Citroën »


Андре Ситроен сметаше дека марката Citroën треба да ја знаат сите и тоа уште од најмала возраст. Овој политехнички инженер си постави една цел : "Првите зборови на едно дете треба да му бидат "Тато, Мама и Citroën". Во тој опсег, тој лансира продажба на детски играчки Citroën, минијатурни возила верни репродукции на повеќето модели на марката.
Покрај експедициите « croisières » Црна и Жолта, Андре Ситроен во 1922, се појави на 7 –иот Саем на автомобили, и со авион испиша на небото, « Citroën » со букви од чад во должина од 5 км. Од 1925 до 1933 со помош на 250 000 електрични сијалички, на Ајфеловата кула е испишана марката « Citroën ».



André Citroën не запре овде. Исто така создаде компании за возила и такси Citroën и на сите патишта во Франција постави сообраќајни знаци, кој многу наликуваат на знаците на мрежата Citroën!


Идентитетот Citroën, цела една посебна приказна !
Како човек на комуникацијата, Андре Ситроен се потпира на впечатлива визуелна идентификација , која е симболично претставена со двоен шеврон.
Потеклото на шевроните, кое подоцна стана амблем на марката автомобили, датира од едно негово патување во Полска. На возраст од 22 години, основачот на марката забележува механизам во форма на шеврон кој се употребува во фабрика за преработка на жито. Го откупува правото за овој механизам за да го постави на челик.


Citroën се прилагодува на времето, шеврон на ветерот!
Ако двојниот шеврон патува низ времето, тогаш и логото на Citroën еволуира истовремено.
Во предвоениот период, логото беше во жолта боја на сина позадина. По војната, шевоните станаа подискретни, и генерално на бела основа.
Од 1980, дизајнерот Savignac, си поигра со графиката на логото додавајќи мало човече и креирајќи го слоганот « Напред Citroën ». Во потрага по нов имиџ од 1980, логото постанува бело на црвена позадина оддавајќи впечаток на динамизам . Промена е поддржана и со нова реклама « шевроните гледаат во црвено ». За време на снимањето на рекламниот филм за кампањата « диви шеврони », 120 диви коњи во силен галоп го формираат логото на марката. Отсекогаш иницијатор за нови рекламни изразувања, Citroën во 2004 ја лансираше « фамозната » сага со роботот C4 за Европа, со која се закити со 15 награди и признанија заради рекордните бројки уште од неговата креација.


На 90 год, Citroën се обновува
Во февруари, Citroën ни го откри новиот идентитет. Логото се ослободи од рамките, шевроните постанаа тродимензионални. Тоа е првиот визуелен знак на промена на изразот на марката: нов слоган « Créative Technologie », нова архитектура за продажните места, нови обврски кон клиентите и нова линија производи : линијата DS.



Андре Ситроен, креатор на сопствена марка автомобили се потпира на впечатлива визуелна идентификација.



Рекламата на Citroën за роботот C4 доби 15 награди и признанија во Европа.



Citroën го смени идентитетот. Новиот слоган: « Créative technologie ».
Слики: COPYRIGHT : Citroën Communication

Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ