ДОМА    |    ЗА НАС    |    КОНТАКТ    |    NEWSLETTER    |    ПОЛОВНИ ВОЗИЛА    |    ВОЗИЛА СО 0 КМ
НОВИОТ CITROËN C3 – VISIODRIVE пристигна во Македонија

Тој е убав. Тој е млад. Тој е интелигентен. CITROËN го лансира новиот C3.


Од самиот почеток новиот CITROËN C3 си постави амбициозна цел : замена на best-seller-от продаден во над 2 милиони примероци. « Оваа обнова е една од најважните за марката и претставува средство за достигнуивање на нашата амбициозна цел, поголемо пазарно учество, како кај физичките лица така и кај правните.» Фредерик Банзе (Frédéric Banzet), Генерален директор на Citroën.


Формулата за која се определивме: да го земеме најдоброто од C3 и повеќе од тоа. Овој  нов C3 ги има сите аргументи за да ве заведе: уште позатегнат стил, повисоко ниво на квалитет на изработка, интелигентна архитектура за создавање на внатрешна просторност надвор од сите стандарди но сепак останувајќи компактно возило на пазарот, со познатата удобност во возењето и исклучителното однесување на патот како во град  така и на автопат. Неговите перформанси, најдобри за сегментот, го прават новиот CITROËN C3 најдобро фамилијарно возило но и флотно возило.

Новиот C3 нуди повеќе. Неговото ветробранско стакло Zenith, е оригинално. Покрај осветленоста и прегледноста ова ветробранско стакло на нашиот Visiodrive им нуди на патниците несекојдневно искуство. « CITROËN со новиот  C3 отвора нов правец во светот на автомобилите. Свет каде разумот и одговорноста му се препуштаат на нови задовлства од автомобилите. На нови емоции. » Винсен Бесон (Vincent Besson), директор на производ и пазари CITROËN.

Сите овие квалититивни карактеристики се потврдуваат на ниво на концепција и на ниво на индустријализација на новиот CITROËN C3. Производен во Франција, во производствените центри во Олне и Пуаси, ги исполнува високите цели на квалитет. За да гарантираат оптимална сигурност и отстранување и на најмалите неправилности, поминати се над 2 милиони километри до комерцијализација на овој проект.


ОРИГИНАЛЕН И ПОЗИТИВЕН КАРАКТЕР


Новиот C3 се покажа. Во своите гени ги сочувува облините и чувството на заштита, повеќе динамичност со затегнатите линии кои истовремено се хармонични. Динамичност која е крајно нежна. Од привлечност до оригинална состојба.


                          


Новиот C3 ве привлекува. Привлекува со својот стил. Привлекува со неговата елеганција и рафинираност. Облечен  во квалитетен материјал од високата гама, на пример командна  табла обвиткана во термоизолација, акцентирана со вметоци во сив сатен или брилијантен алуминиум и многубројни хромирани додатоци. Највисоко ниво на опременост и квалитет на изработка. Идеална контрола на споевите и внимателна посветеност на секој детал. И силен дизајн кои идеално го илустрираат.


ИНТЕЛИГЕНТНА АРХИТЕКТУРА


Новиот C3 припаѓа на најкомпактините возила од неговиот сегмент. Со должина од 3,94 м и ширина од 1,71 м дијаметар на завртување од 10,2 м, поседува димензии кои идеално се прилагодени за урбана  употреба.



Очигледна надворешна компактност, бескомпромисна внатрешна просторност. Новиот C3 располага со просторна внатрешност и ги исполнува стандардите на новиот правилник за прво семејно возило и возило кое ќе биде срцевината на секоја флотна продажба. Оптмизирана и голема зафатнина на багажникот од 300 литри, многубројните прегради и фиоки (во конзолата, во командната табла, во наслонот за раце…), полувисоките седишта дополнително го олеснуваат пристапот и прегледноста, а внатрешниот простор е оптимизиран и ослободува простор за нозете. Новиот CITROËN C3 нуди многу повеќе, но сепак останувајќи компактен. « Вистинско » возило со карактеристики на повисокиот сегмент.


НОВО ИСКУСТВО ОД АВТОМОБИЛИТЕ


Ново искуство кое се надополнува, и се зголемува, со Zenith ветробранското стакло. Вистински концентрат на технологија. Неговата исклучителна должина го зголемува полето на прегледноста на патниците напред за 80° кон нагоре. Со истенчените рамки, се дава впечаток на видливост со висока резолуција, без никакви ограничувања и за сите патници. Комплетно нурнување. Премиерно, нежен премин од силната заштита од сончевите зраци  на патниците напред кон вообичаена транспарентност за прегледност кон напред. Берлина со најголемо ветробран стакло и најмал кров на пазарот кој воведува нови сензации од автомобилот! Гарантирајќи повеќе прегледност и поголема светлина, за поголема безбедност и уживање.

Кога станува збор за уживање, нашиот Visiodrive ја поседува умешноста на марката во смисла на комфор. Новиот CITROËN C3 нуди реално уживање за сите патници: акустичен и вибрационен комфор, Но и мирисен и визуелен со многубрјните стакла и парфем за освежување на амбиентот. Релаксационен амбиент. Задоволство во возењето во сите прилики.
Новиот C3 е исто така и вистинско « модерно » возило. Покрај аудио системот RD4 mp3, l’USB Box (приклучок USB + jack, компатибилност со full iPod, Bluetooth®) и навигација MyWay, новиот C3 нуди оригинален hifi систем воведувајќи ги патниците во вистинска концертна сала : Hifi System®. Со исклучителни акустични перформанси, но истовремено и со вистинска конкурентска цена.


                 


ЗАЧУДУВАЧКИ И  РАЗУМНИ ДИНАМИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ


На новиот CITROËN C3 многумина ќе му позавидат … тој може да се пофали со лесно  справување во град, но и на отворен пат, со уште подинамично однесување на патот, кое сепак умее да ја зачува линијата! Исклучителни перформанси со убедливо зголемување на комфорот и на внатрешната просторност. Со оваа контрола на масата со оптимизирана аеродинамичност (Cx од 0,30), новиот C3 има интелигентна потрошувачка и емисија на CO2. Уште од самото лансирање ќе се појави во верзија со 99 гр/km на CO2, со моторот HDi 90 FAP.

Оваа контролирана потрошувачка ќе се следи и со пристигнување на новите мотори во 2011 вклучувајќи го системот Stop & Start од втора генерација. Со мануелно пилотирани петтостепени и шестостепени менувачи, во diesel верзии со 95 и 90 гр/км CO2. Во бензинска верзија, новата генерација на мотори со 3 цилиндри ќе им обезбеди на возилата помалку од 100 гр/км CO2.


www.c3.citroen.com/mk



 

Назад 

    

© 2004 АВТОНОВА, СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ