СООПШТЕНИЕ ЗА ПЕЧАТ
Париз, 05 февруари 2009
A new era. CITROËN reinvents itself.
Нова визуелна идентификација, нови односи со клиентите, нова производствена линија: на 90-иот роденден, CITROËN отвара нова страница во неговата историја. На 5-ти февруари 2009 CITROËN претстави нова динамика на неговата Марка истовремено во 34 држави во светот и тоа на сосема оригинален начин: со филмска сценографија. Вистинско ремек дело, по повод роденденот на неговиот основоположник. Во тежок економски контекст, но и во период на промена на примената на автомобилите и новите односи меѓу потрошувачите и марките, CITROËN не страда, CITROËN реагира, CITROËN се обновува. Цел : следење на динамиката постигната со успехот на новолансираните производи во последните десет години и давање поголема вредност на марката CITROEN како и нејзина поголема поддршка. Денес, CITROEN се обврзува во рамките на проектот на глобална марка на нова визуелна идентификација, нови односи со нејзините киенти и нова производствена линија на автомобили.
превземи го целиот текст
|