April 23, 2014

80 ГОДИНИ ОД CITROËN СО МОТОРЕН ПОГОН НА ТРКАЛА НАПРЕД: ПРОСЛАВУВАЊЕ !

80 ГОДИНИ ОД CITROËN СО МОТОРЕН ПОГОН НА ТРКАЛА НАПРЕД: ПРОСЛАВУВАЊЕ !

На 18 април 1934, CITROËN го претстави на јавноста и на медиумите моделот « 7A », возило кое го разбранува целосно автомоблскиот пејсаж со бројни иновации меѓу кои и возила на моторен погон на тркалата напред кои веднаш се наречени: TRACTION AVANT.
80 години потоа, TRACTION AVANT се уште е актуелен благоарение на бројните љубители

Едицијата РЕТРОМОБИЛ 2014 од месец февруари ќе остави посебен впечаток со задолжително и неодминливо присуство, на штандот CITROËN, клубот La Traction universelle*. Ќе бидат изложени два модели на TRACTION AVANT 11 FAMILIALE  од  1937 и 1957.

 

Од месец март до крај на месец јуни, оригинален модел на  TRACTION AVANT ќе биде изложен во центарот на изложбата « My CITROËN Aventure » во C_42 на Авенијата Елисејските полиња: TRACTION AVANT Sans Frontières 11BL од 1955.

 

Во седмиците кои следат, фановите и љубителите како и целата јавност можат да се сретнат со TRACTION AVANT :

–          По повод настаните Отодром Еритаж Фестивал (Autodrome Heritage Festival), 7 и 8 јуни, во рамки на легендарната трка во Монтлери (91) или пак Еуроситри 2014, од 8 до 10 август, на натпреварот во Манс (72) ;

 

–          Изложени на саемите на автомобили во Орлеан (45) на 20 и 21 септември, или пак Епок Ауто од 7 до 9 ноември во Лион (69) ;

–          На автопатите во Франција, ќе бидат организирани бројни настани од страна на регионалните клубови на Traction universelle. Собирите во Рост-Варендин (59) на 31 мај и 1ви јуни, како и собирот во Ферте Видам (28), на 13 и 14 септември ќе бидат еден од најважните настани на годината кога повеќе од 800 TRACTION AVANT ќе бидат собрани на едно место.

 

*Клубот Traction universelle  брои околу 1 400 членови во Франција и во светот.