January 26, 2015

60 ГОДИНИ DS : ТРИ СИМБОЛИ НА МАРКАТА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПРОСЛАВАТА

По повод 60 години DS од 1955, три модни икони, DS од тој период, DS 3 WRC и Себастијан Лоеб ќе се соединат со марката DS за да го прослават роденденот на ова легендарно возило како и лансирањето на марката. Овие три икони ќе се сретнат во Монте Карло овој месец: DS 3 WRC и Себастијан Лоеб на стартот на 83то Рели Монте Карло и еден DS 21 за историското 18то издание на Рели Монте Карло.

На 6 октомври 1955, DS 19 гламурозно се појави под витражот на Гранд Пале во Париз привлекувајќи толпа од посетители и 12 000 продажби во само еден ден. Неговиот стил надополнет со технолошките иновации го прави ова возило легендарно, за кое и денес се зборува. «  Да се прославува роденден на легендарната DS во време кога Марката веќе ја бележи својата прва година од  постоење е вистински доказ. Овој автомобил претставува вистинско наследство на марката која им гарантира на клиентите модели кои се спој на исклучителен дизајн и технологии, комфор и сензации во возењето, благородни материјали, екслузивност и посветеност на детали. », објасни Ив Бонефонт, генерален директор на марката.

 

МАРКАТА СОЕДИНИ ТРИ ЛЕГЕНДАРНИ МОДЕЛИ ВО МОНТЕ КАРЛО

За одбележување на овој свечен настан марката во Монте Карло ги собра на едно место:

– DS 3 WRC од 2015 година со импознантен натпис « 60 » на крилата назад и Себастијан Лоеб, деветкратен светски шампион во рели на стартната линија на Автомобилското рели во Монте Карло.

 

– DS 21 од 1966 во верзија за натпреварување ќе учествува на 18то Историско Рели Монте Карло (28 јануари до 4 февруари). Со логото на марката и бројот 21, овој DS ќе биде управуван од Боб Нејрет и ќе стартува од Ремс на 30 јануари кој веќе има две победи на Рели Монте Карло со DS.

 

СВЕТСКИТЕ САЛОНИ ЌЕ БИДАТ ВО БОИТЕ НА 60 ГОДИНИ DS

Во салоните посветени на љубителите на стари автомобили, од типот на Rétromobile (Париз, Франција од 4 до 8 февруари) , Techno-Classika (Есен, Германија од 15 до 19 април), на Саемите на автомобили во Женева (Швајцарија – од 5 до 15 март), Шангај (Кина – 22 до 29 април) или Франкфурт (Германија – 19 до 27 септември), DS ќе го прослави својот 60-ти роденден со бројни изложби на оригинални автомобили од самиот почеток на постоење до најновите модели.

 

СОБИРИ НА ФАНОВИТЕ ЗА ДА ГИ ДУВНАТ 60-ТЕ СВЕЌИЧКИ ЗА DS

Од Белгија на 26 април до Австралија од 2 до 11 октомври, многубројни фанови на DS на различни места на глобусот ќе дуваат 60 свеќички. Светски настан ќе од одржи на 22 и 23 мај во Монтлери

( Франција) каде ќе се соберат повеќе од 700 DS олдајмери.

 

DS СЕДМИЦА- ЕКСКЛУЗИВЕН НАСТАН ЗА ПРОСЛАВА НА 60 ГОДИНИ DS И ЛАНСИРАЊЕ НА МАРКАТА

Од 19 до 22 мај, Марката DS во Париз, лулката на DS од 1955 и на Марката, за претставниците на светската продажна мрежа и викендот 23 и 24 мај за сите посетители во Градината на Лалиња во центарот на метрополата.

Следете нè.