May 29, 2015

500 000 CITROËN C3 ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ПУАСИ!

500 000 CITROËN C3 ПРОИЗВЕДЕНИ ВО ПУАСИ!

Вистински несомнен успех со повеќе од 3,5 милиони примероци продадени во светот од неговото лансирање во 2002, CITROËN C3 сеуште воодушевува и привлекува со својот оригинален изглед и исклучителни перформанси.

Вистински несомнен успех со повеќе од 3,5 милиони примероци продадени во светот од неговото лансирање во 2002, CITROËN C3 сеуште воодушевува и привлекува со својот оригинален изглед и исклучителни перформанси.  Доказ за неговиот успех е фабриката во Пуаси каде од 2009 се произведува овој модел и каде денес од производство излезе 500 000-иот C3, модел кој од  2013 ја носи ознаката « Origine France Garantie ».

 

CITROËN C3 се истакнува со  привлечен и атрактивен изглед : со нежни облини и динамично флуидни и затегнати линии. Интелигентна архитектура со која се вбројува во најкомпактните автомобили во неговиот сегмент со должина од 3,94 m, 1,71 m ширина и дијаметар на завртување од 10,2 m, карактеристики кои се идеално адаптирани на неговата урбана примена. Компактен однадвор но без компромиси на патничкиот простор, овој автомобил гарантира одлична внатрешна просторност и зафатнина на багажникот од 300 литри што го поставува на ниво на најдобар во категоријата.

 

Однатре C3 е истовремено удобен и модерен со новиот таблет на допир од 7’’, присутен во гамата од оваа пролет 2015 и кој нуди:

нова навигација на допир, со преглед на картите од перспектива, приказ на ограничување на брзина, информации за сообраќајот и понуда на маршрута за заштеда на гориво;

– медиа функции (радио, аудио « streaming », поврзување на мобилни уреди) ;

-телефон (функција hands-free со Bluetooth, пристап до мени и примање на втор повик) ;

– прилагодување на параметрите на возилото.

 

Вистински извор на уживање на телото и на духот, C3 располага со ветробранско стакло Zénith. Најнова технологија за зголемување на видното поле на патниците за 80° кон горе.

 

Ја има на располагање целокупната умешност на марката во смисла на комфор, гарантирајќи им на сите патници нежно и смирено патување со висока звучна изолација.

 

C3 одлично се снаоѓа и во градот и на автопатот, благодарение на неговото избалансирано однесување на патот и гама на мотори со оптимални перформанси.